Компанијата „Стројтрансгас“ на рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко почна да гради крак од магистралниот гасовот Клечовце-Неготино во Македонија, во вредност од околу 75 милиони долари, објави рускиот весник Комерсант, кој се повикува на извор кој е запознаен со состојбата.
Се работи на првата фаза во одлжина од 61 километар и пречник од 508 милиметри, кој ќе овозможи гасот да стигне до Штип.
Рокот на изградбата е нешто повеќе од една година, по што е предвидено гасоводот да се продолжи до термоелектраната Неготино со што таа од мазут ќе почне да функционира на гас.
Потоа треба да се изградат уште 60 километри гасовод кој треба да се поврзе со гасоводниот систем во Грција.
Вредноста е околу 75 милиони долари. Од нив Македонија ќе плати само 15 милиони долари, а останатата сума ќе се компензира со дологот на бившата СССР кон Југославија на кои дел од правата доби и Скопје.
Извор: Мета