Грција потпиша денеска со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) договор за доставување консултантска и експертска помош при реализирањето реформи, соопшти прес-службата на грчката Влада.
Прес-службата наведува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска се сретнал со генералниот секретар на ОЕЦД Анхел Гурија во централата на организацијата во Париз.
Земјите потпишаа договор, согласно кој ОЕЦД се ангажира да доставува експертска помош за разработување и реализација на реформи, кои се приоритетни за грчката влада, се вели во соопштение на прес-службата.