Британскиот премиер Дејвид Камерон нема никакви планови да присуствува на официјалната церемонија во Москва на Денот на победата 9 мај, соопшти неговиот портпарол.
Како причина за таквата одлука се наведуваат дипломатските односи.
– Ќе го разгледаме нашето присуство таму во согласност со тековните дискусии со Русија, на нашите размислувања за нивните активности, така што не верувам дека постои план премиерот да присуствува, изјави портпаролката на Камерон.
Тензиите околу кризата во Украина ги залади допломатските односи меѓу Лондон и Москва, а претходно оваа недела британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека Русија може да се покаже како најголема закана за националната безбедност на Велика Британија.
Воената парада по повод 70-годишнината од победата над нацистичка Германија треба да се одржи само два дена по претстојните национални избори во Велика Британија, што го прави присуството на Камерон во Москва малку веројатно, дури и во случај на подобри билатерални односи.