Во прекин сообраќајот кон кратовско Каврак и хидросистемот Злетовица

Од:

Поради обилни врнежи од снег непрооден за сообраќај е локалниот пат од Кратово до село Каврак, а поради ново свлечиште во прекин е сообраќајот на патот кој води до хидросистемот Злетовица во атарот на село Којково во непосрдна близина на тунелот.
зе уште во тек е забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово-попова Шапка поради остатоци од снег и забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп поради оштетување на дел од мостот на Сланска Река.
На патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај месноста село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Ѓавато.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози