Тројца од уапсените за убиството на Борис Немцов не ја признаваат својата вина

Од:

Тројца од уапсените во кривичниот предмет за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, извршено на 28 февруари во центарот на Москва, Заур Дадаев и браќата Анзор и Шагид Губашеви, не ја признаваат својата вина, јави ТАСС, цитирајќи го шефот на Општествената набљудувачка комисија (ОНК) на Москва, Антон Цветков.

ОНК го контролира почитувањето на правата на човекот во затворите и другите принудни институции.

Членови на ОНК денеска го посетиле истражниот затвор „Лефортово“ во Москва, каде се наоѓаат приведените Чеченци.

На 8 март Басманскиот суд во руската престолнина нареди мерка „заддржување под стража“ до 28 април на тројцата споменати чеченци, заедно со Тамерлан Ескерханов и Хамзан Бахаев. На двајца од нив – Дадаев и Анзор Губашев, веќе им се предадени обвиненијата, а останатите тројца се осомничени.

Обвиненијата, вклучувајќи го и она за убиство со умисла врз Немцов, предвидуваат лишување од слобода од осум до 20 години или доживотен затвор.

За време на посетата на истражниот затвор од членовите на ОНК, меѓу
кои имало и новинар на весникот „Московскиј комсомолец“, Дадаев,
кој е поранешен офицер на внатрешните војски на МВР, раскажал како бил измачуван за време на истражниот притвор за да го признае делото. Тој им покажал траги од лисиците на рацете, како и од оковите на ногата. За време на распитот врз главата му ставале качулка и му врескале, поставувајќи му го прашањето- „ти ли го уби Немцов?“.

-Им одговорив дека не сум јас убиецот. При приведувањето јас бев со мојот пријател – Руслан Јусупов. Тие кажаа дека ако признаам дека ќе го пуштат, и јас се согласив, раскажал Дадаев, цитиран од порталот „Њузру“.

Сајтот ги цитира и написите во руските медиуми, според кои, раширената информација во однос на претпоставениот организатор
на убиството на Немцов не одговара на реалноста. Се посочува
сопствената истрага на весникот „Новаја газета“, во која се наведува име на човек, наречен „веројатен организатор“ на убиството. Весникот не открива од каде слушнал за него.

Сајтот, меѓутоа, го цитира поранешниот градоначалник на чеченската престолнина Грозни, Беслан Гантемиров, кој на новинарите им раскажал за инцидент, поврзан со веројатниот организатор на опозицискиот политичар.

-Веројатниот организатор се вика Руслан и има чин мајор. Неговото семејство му е познато на претседателот (Путин), пишува „Новаја газета“.

Весникот додава дека го знае и семејството на Руслан, но не сака да го каже заради презумпција за невиноста, наведувајќи дека ова семејство му е познато на десетици, ако не и на стотици соработници на МВР, Федералната служба за безбедност (ФСС) и на Истражниот комитет.

Според податоците на весникот, мажот по име Руслан во понеделникот бил распитан од органите на прогонот.

Според „Новаја газета“, властите не дозволиле истекување на информации во медиумите во однос на распитот на посочениот маж, а само било нафлено дека Руслан е близок роднина на високопозициониран чеченски моќник. Весникот открива и некои интересни факти за минатото на Руслан, кој служел во чеченскиот истражен батаљон „Север“, каде служел и Дадаев.

„Новаја газета“ уште пишува дека претседателот Путин бил
информиран за истрагата за убиството на Немцов, кога му било соопштено и семејството на Руслан, како и дека постоел „список за
отстрел“, во кој, освен веќе ликвидираниот Немцов, се наоѓале и главниот уредник на радиото „Ехото на Москва“, Алексеј Венедиктов,
поранешниот олигарх и шеф на бизнис империјата „ЈУКОС“, Михаил
Ходорковски, а веројатно и ТВ водителката Ксенија Собчак.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песковј изјави дека ништо не знае
за извештајот до шефот на државата во однос на текот на истрагата.

-Не ми се познати детали за сите извештаи на истражните органи и интервентните служби, а и невозможно е тие да се разгласуваат, изјави Песков за радиото „Ехото на Москва“.

Би можело да ве интересира

Москва: Марш во знак на сеќавање на убиениот опозиционер Немцов

А1он

„Извештај Немцов“: Во Украина загинале 220 руски војници војници

Ана Ололовска

Немцов погребан на московските гробишта

Емир Латифовиќ

Сведоците го опишале убиството на Немцов

Емир Латифовиќ

Бан Ки-мун го осуди убиството на Немцов

Емир Латифовиќ

Руската полиција објави награда од три милиони рубљи за информација во врска со убиството на Немцов

Емир Латифовиќ