Познато е дека некои производители на житарки пријатно ги изненадуваат нивните купуачи со играчки или со симпатични пораки што ги стават во кутиите.
Но, еден Канаѓанец, професор по историја, во кутија со житарки не пронајде ниту играчка, ниту порака, туку писменце на работници од фабриката што ги произведува житарките.
– Ова е последна вреќа со житарки поризведени од фабриката на „Келогс“ во Лондон (Онтарио), стои во писмото.
Како автори на писмото биле потпишани тројца вработени во фабриката.
– Иронично е тоа што оваа кутија стигна токму во рацете на еден професор по историја. Ова е голема историска лекција, изјави пронаоѓачот на писмото Стефан Годе, додавајќи дека тој во неговите раце всушност држи „сувенир на индустријата на неговата земја“.
Работникот кој ја оставил пораката, набрзо потоа останал без работа, како и стотици негови колеги, затоа што фабриката за која станува збор навистина била затворена пред два месеци.