(ВИДЕО) СДСМ: Јанакиески со закани и за семејството на Тоше Проески

Од:

Во Универзалната сала беа презентирани снимки за кои беше посочено дека се помеѓу Миле Јанакиески кој како што беше кажано бил бесен што нема ВМРО-ДПМНЕ поддршка од семејството на Тоше Проески па се јавува на министерката за култура и бара да се укине помшта за семејството што ја дава државата.

Овие од Тоше се против нас, да ги ибркаме од работа, ако не да не им даваме по 3000 евра, да го затвориме музејот. Толку работи се направени за Круешво, а тие се притив нас.

Разговор помеѓу Елизабета Канчевска Милевска и Миле Јанакиевски

ЕКМ: Кажи Миле!
МЈ: Бети?
ЕКМ: М?
МЈ: Крушево сум.
ЕКМ: М?
МЈ: Овие од Тоше семејствово против нас се. Што праиме? Да му ја избркаме таа од работа ако не и да не му даваме повеќе 3.000 евра, да го затвориме музејо?
ЕКМ: А бе види, сега пред некој ден кога беше премиерот ми се јави. Се видел, вика се видов на митингот таму со тој Славе, и вика ми збореше, му кажав викам, баш и ти како што кажа. Татам се договоривме викам да отиде да направи, после тоа ми се јави Славе и ми кажа дека татко му на Тоше не сакал таму со гробот. И тоа ако тоа се прави да се прави цело. И после Премиерот вика: ако не да земеме да го правиме целото. И после ми вика како ќе биде, карши него е нели гробот на овој Питу Гули, ние овде цело царство, ваму-таму, и после вика ај уште еднаш да подразмислиме и така остана работава.
МЈ: Не бе Бети, не може толку работи…
ЕКМ: Они не условуваат…
МЈ: Толку работи се направени за Крушево.
ЕКМ: Да.
МЈ: Тие се големо семејство плус таму одбојкарски тим, плус фондацијата, плус она. А тие против нас.
ЕКМ: А секој месец им даваме по 3.000 евра. Секој месец.
МЈ: Што сакат повеќе?
ЕКМ: 3.000 евра секој месец и цела спомен куќа 5.000.000.оо евра.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка