СДСМ во Универалната сала објави разговор во кој министерот Миле Јанакиевски бара од директорот на зарворот Живко Пеовски зарворениците да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Со сталинистички методи, велат од СДСМ се бара и војниците да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Живко Пејковски
ЖП: Ало
МЈ: Живко шо праиш?
ЖП: Добро министре повелете
МЈ: За гласањава сакав да те прашам со затворенициве како оди?
ЖП: Е па еве се организираме во сабота ќе гласаат тие. Беа пред некој ден од избирачките одбори дојдени, се договаравме и сабота ќе гласаат тука
МЈ: Имаш контрола?
ЖП: Да да да
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник
С: Еј Миле?
МЈ: Борче?
С: Кажи?
МЈ: Со Саше зборував вчера, дај вклучи го и генералот, сега јас за Центар ти се јавувам. Војнициве во Центар, четириесет и нешто војници, да си гласаат за ВМРО, инаку нема да бидат војници.
С: Ааа, па што не кажа порано. Денес гласаат они?
МЈ: Војнициве денес гласаат?
С: Денес.
МЈ: Денес. Те молам притисни.
С: Добро. За да излезат.
МЈ: Јави му се и на Саше. Не да излезат! Да излезат и за ВМРО да гласаат!
С: Да де да, знам, знам. Требаше порано да ги провериме. Сега ти текна.
МЈ: А бе Сашо ја тераше, ама килава работа Сашо.
С: Ај ќе се слушнам со Сашо.
МЈ: Ајде.
Аудио помеѓу Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска
МП: Слушај.
ГЈ: Кажи.
МП: Ја ќе одам утре за Охрид и до денот на избори ќе бидам таму.
ГЈ: Мхм.
МП: И договорив една екипа, нема да ти се допадне тебе ова, ама сакав да те замолам вака, да замижиш за ова. Значи, една екипа, 4-5 души од овдека, на Мацко брат му, такви некои, шо ќе бидат со мене таму.
ГЈ: Бараби.
МП: Да. Што ќе бидат со мене таму. Пошто ми требаат, тешки глупости има таму, плус и за нашиве да им го држат стравот, а и така, да бидат тука.
ГЈ: На Мацко брат му ќе ти направи уште потешки глупости, ама штом си го одбрал, чувај си го.
МП: Нека дојде сеа, него го познавам. Ќе го држам ја колку шо можам под вакво. Да ти пратам имиња и презимиња на луѓево шо ќе дојдат?
ГЈ: Не бе, нека шибаат, не е проблем, само нека се јават. Пошто на пример, он не е кај мене, он е у СВР.
МП: Аха.
ГЈ: Нека му каже на тој што му е шеф да не му пишува ништо, нема гајле, не е проблем.
МП: Фала ти многу.
ГЈ: Нема гајле бе. Ајде.
МП: Ајде чао.
ГЈ: Ајде чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протоѓер
ГЈ: Да. Ало.
МП: Горде, како си?
ГЈ: Кажи Мартин, добро.
МП: Види, вчера имавме ние една мала акција овде у…собрани се тројца коишто за Ацо делеа пари и така. Под ова оградата, напад на овластено лице и така и сеа они имаат претставка до внатрешна контрола пратено.
ГЈ: Добро.
МП: Така да, да си у тек дека е тоа координирано све.
ГЈ: Абе види, ја ти кажав. Мислам, дај Боже да победиме во Охрид, ама со таа банда таму, мислам овие, твојава банда, нема лезет у таа работа. Ништо нема да им се случи, не се секирај, ама кај ги одбра бе Мартин најголемите багабонти у МВР.
МП: Најдобрите дечки се.
ГЈ: Абе ајде, Утка кога ти е соработник, до кое дереџе сме стасале, ама нема проблем за ова.
МП: Ајде. Тоа е.
ГЈ: Пријатно.
МП: Чао.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и соговорник (Ане)
ГЈ: Ало, Ане.
А: Еј, министерке.
ГЈ: За тој случајот што е у Охрид, што постапувате, гледајте нашиве да бидат ок, чисти таму.
А: Да, да, да. Да, да, нормално.
ГЈ: Добро, добро. Да не згреши некој таму, па после да ја оправаме.
А: Никако нема грешки, се знае, нашите мора да бидат чисти.
ГЈ: Да, да. Ок. Се гледаме.
А: Нема дискусија.
ГЈ: Важи, ајде поздрав, чао, чао.
А: Важи министерке. Чао.
Разговор меѓу Мартин Протогер и Љупчо Тодоровски (Радник)
МП: Ало?
ЉТ: Еј, ме бараше Мартин?
МП: Да. Абе види. Знаат ваму, во Охрид, кој треба да се лоцира и некако како да го штитат.
ЉТ: Кого?
МП: Страшо се вика човекот, што треба да го лоцираат. Страшо Петковски ми се чини дека.
ЉТ: Страшо Петровски?
МП: Страшо Поповски.
ЉТ: Ај сега ќе се јавам.
МП: Значи мора да го соберат него. Еден е собран веќе, тој Јане, со уште двајца фатени. И уште Страшо и готово, ја решаваме овдека равенката.
ЉТ: Сега ќе се јавам бе. Сега одма се јавувам.
МП: Важи Љупчо, фала ти. Чао.
ЉТ: Важи, чао.