Меѓународна археолошка конференција во Скопје на 13. и 14. март

Од:

Меѓународна конференција насловена „Населби, култура и динамика на популациите во Балканската праисторија“, посветена на праисторијата на која ќе учествуваат 110 археолози од 20 земји од светот, ќе се одржи на 13. и 14. март во ЕУ Инфо центарот во Скопје во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата (ХАЕМУС).

Василка Димитровска, претседател на Центарот, рече дека на презентациите секој археолог ќе го раскажува она што го работи.

– Значи некои ископувале локалитети, ќе слушнеме што сработиле во последната една, две или десет години, посочи Димитровска.

Елка Анастасова од Археолошкиот институт при Бугарската академија на науките рече дека на конференцијата ќе стане збор за нови научни придобивки, ќе биде интерпретирано нешто што е ископано пред неколку години итн.

– На 13 март во 18 часот во Музејот на Град Скопје ќе се одржи изложба на постери, на 14 март по завршувањето на конференцијата за сите учесници ќе се организира традиционална македонска вечер, а на 15 март прошетка низ музеите, истакна Димитровска.

По завршувањето на конференцијата, научните текстови од археолозите ќе бидат публикувани во посебна монографија во издание на  Археопрес, престижна издавачка куќа од Оксфорд специјализирана исклучиво за публикување на научна археолошка литература. Организаторите изразуваат надеж дека на тој начин како организација ќе придонесат во промоцијата на археологијата и културно-историското наследство на Македонија на светско ниво.

Меѓу најзначајните учесници на конференцијата од областа на предисториската археологија во Европа се: проф. Драгош Георгиу од Националниот Универзитет на уметности во Букурешт, како претставник на Научниот Комитет на конференцијата, д-р Клајв Бонсал, проф. од Универзитетот во Единбург, експерт за рана праисторија на Балканот; д-р. Марија Ѓурова од Археолошкиот институт на Бугарската академија на науките, проф. по археологија и член на бордот на Асоцијацијата на Европски археолози; д-р Јануш Козловски од Археолошкиот институт на Полската академија на науките и експерт за камени индустрии во Југозападна Европа; д-р. Драгана Антоновиќ од Археолошки институт при Српската академија на науките и уметностите и претседател на Српското археолошко друштво; д-р Жаклин Бален, директор на Археолошкиот музеј во Загреб и претседател на Хрватско археолошко друштво.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска