Четиринаесетгодишно малолетно лице на 6. март оваа година заминало од дома, соопшти полицијата која презема мерки за негово пронаоѓање.
Во Полициската станица „Бит Пазар“во Скопје, како што соопшти МВР, Ф.И.(32) од Скопје во својство на старател на малолетното лице пријавила дека од непознати причини на 6-ти овој месец од дома во непознат правец се оддалечило 14-годишно лице.