Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Стефан Синовец со постигнувањето на вчерашниот натпревар против Левски се најде во најдобрата петорка на 24.коло во АБА лигата.
Синовец во поразот на МЗТ во Софија (91:90) постигна 29 поени, имаше по четири скокови, асистенции и украдени топки, но и седум загубени топки, доволно за 35 индексни поени, што е второ најдобро поединечно остварување во колото.
МВП на оваа рунда е Ален Омиќ од Унион Олимпија,
Покрај овие двајца кошаркари во ТОП 5 на колото влего и: Борис Савановиќ од Будуќност (34 инд.поени), Клемен Препелиќ од Олимпија (31) и Марко Кешељ од Мега Лекс (30).