Гром повреди 31 војник од претседателската гарда во Бразил, јавија локални медиуми. Инцидентот се случил во главниот град Бразилија.
Неколку луѓе загубиле свест, а неколку имаат изгореници. На повредените им била укажана лекарска помош и никој не е со повреди од кои може да биде загрозен животот, се додава во извештаите на медиумите во Бразил.