Нисан на Саемот на автомобили во Женева го претстави концептот Свеј, што претставува најава за дизајнот на новата генерација на моделот Микра.
Најава за правецот на размислување на дизајнерите на јапонската компанија за новиот модел на мал автомобил од Б сегментот, може да се видат на концептот Свеј.
Јапонската компанија не објави дали идниот сериски модел базиран на концептот ќе го задржи името Микра, но тоа сигурно ќе биде возило со динамичен изглед, со препознатлив дизајн, истакната предна маска на ладилникот во форма на буквата V и карактеристични дневни ЛЕД светла во форма на бумеранг.
Концептот Свеј е долг 4.010 милиметри, широк 1.780 милиметри и висок 1.385 милиметри, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.570 милиметри. Со овие димензии го надминува просекот во Б сегемнтот и актуелниот модел на Нисан.
Серискиот модел се очекува да се најде на пазарот во 2016 година, со благо изменет дизајн и прилагоденост на практичните потреби на купувачите и економските барања на менаџментот на компанијата.
Нисан Свеј концептот претставува најава за возбудлив сериски автомобил од актуелниот модел на Микра.