Познатата кула со часовник на британскиот Парламент, Биг Бен би можел наскоро да се преименува во „Кулата на Елизабета“ по повод јубилејот од владеењето на кралицата Елизабета, пишува денеска Дејли Меил.
Членовите на Парламентот, како и премиерот Дејвид Камерон, потпишале петиција за да и се оддаде почит на кралицата Елизабета по повод 60. годишнината од нејзиното владеење, наведува весникот.
Официјално кулата во центарот на Лондон, висока 96 метри се вика „Clock Tower“, но е попозната под името Биг Бен.