Каменос ги предупреди ЕУ и Берлин за можен прилив на бегалци и терористи

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос предупреди на можноста од масовен прилив на бегалци во Европа поради „економскиот ќор сокак“ меѓу Атина и останатиот дел од еврозоната, јави ДПА.

– Доколку тие и нанесат удар на Грција, тогаш треба да бидат свесни дека имигрантите ќе добијат документи за патување и ќе се насочат кон Берлин, изјави синоќа Каменос на состанокот на неговата крајнодесничарска партија Независни грци, која е коалициски партнер во Владата на радикалната левица СИРИЗА.

Каменос истакна дека доколку меѓу бегалците има борци на групацијата Исламска држава, тогаш Европа самата ќе биде одговорна, поради нејзиниот став по прашањето за грчкиот долг и реформи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит