ТМ: Дали во кривичната постапка за кражбата од Музеј на Македонија се прикриваат факти?

Од:

Транспарентност Македонија (ТМ) го мониторира случајот со кражбата на археолошки предмети од Музејот на Македонија и потенцира дека и покрај тоа што има седуммина обвинети, Обвинителството води случај против непознат сторител.

„Во аферата поврзана со исчезнатите предмети од Музејот на Македонија, обвинети се седум лица, од кои петмина се кустоси, еден е ракувач со депо и еден е приватен колекционер-нумизматичар. Тројца од обвинетите сеуште се во притвор започнувајќи од 27.02.2013. На останатите притворот им е заменет со мерка безбедност. И покрај бројните барања за укинувањето мерка притвор истите се одбиени од страна на судијата и од страна на кривичниот совет во Основниот суд 1 и Апелациониот суд. Но, притворот е продолжен без да се почитуваат и бројните укажувања од страна на обвинетите за непочитување на Европската конвенција за човекови права и предочувања на пресудите донесени во иста случка од страна на судот во Стразбур. Дополнително, судењето продолжува со завршни зборови на одбраната закажана за 09.03.2015 г. (понеделник). Заради низа нелогичности, нејаснотии и отворени прашања, овој случај го привлече вниманието на невладините организации кои се занимаваат со заштита на човекови права и владеење на правото. Здружението Транспарентност Македонија од 06.03.2015 г., кога беа прочитани и завршните зборови на обвинението почна да го мониторира случајот, за кој ќе даде посебен извештај по завршувањето, имајќи ги предвид сите правни консидерации за истиот. Транспарентност Македонија укажува дека целиот случај на кривичната постапка не дава јасна слика на настаните туку, создава конфузија, со што отвара сомнеж дека постои прикривање на извесни факти битни за случајот . Исто така, посебно индикативен е наводот за непознат сторител. Инаку, обвинетите се професионални кустоси, долгогодишни истакнати музејски работници кои придонеле за збогатување и чување на музејските предмети“, стои во соопштението на Транспарентност Македонија.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска