Анархисти го зазедоа седиштето на Сириза

Од:

Група анархисти го окупираше денеска седиштето на владејачката грчка партија Сириза во знак на поддршка на лицата кои штрајкуваат со глад поради условите во грчките затвори со максимум обезбедување.

Групата од педесетина анархисти влезе во зградата на Сириза во центарот на Атина и го принуди персоналот да го напушти објектот, соопшти партиски функционери.

Портпаролката на партијата Ранија Свигу изјави дека вработените не повикале полиција. Сириза претходно често ги критикуваше острите интервенции на полицијата кон протестите заради острите мерки за штедење.

Анархистите на терасите закачија транспаренти со кои повикуваат на укинување на контроверзните затвори од тип Ц, во кои се затворени најозлогласените грчки криминалци и терористи.

Активистите тврдат дека затворениците непотребно се изложени на остар режим во тие затвори и оти не им е дозволен контакт со семејствата. Тие, исто така, побараа и ослободување на Савас Ксирос, бомбаш од екстремната левичарска терористичка група „17 ноември“, кој е на отслужување доживотна робија, а кому сериозно му е нарушено здравјето.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит