Грција се заканува со нови избори или референдум

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска најави можност од нови избори во земјата или можеби референдум за евентуалниот финансиски договор со ЕУ пред утрешниот состанок на министрите од еврозоната во Брисел.

– Ако министрите не ги прифатат седумте големи реформи кои Грција ги спроведе за да добие следна транша преку потребниот кредит, тогаш би можело да има проблеми. Можеме повторно да распишеме избори или референдум. Ситуацијата е се уште неизвесна, предупреди Варуфакис во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Минатиот пат кога Грција се закани со референдум за кредитот во ноември 2011 година на светските берзи завладеа паника, европските парнери беа лути, а тогашниот премиер Јоргос Папандреу остана без функцијата.

Варуфакис ја обвинува ЕУ дека ја спречува Грција да излезе од длабоката рецесија, бидејќи ги предомислува инвеститорите со предупредувањата дека земјата би можела да биде исфрлена од еврозоната.

– Грција не е повторно во рецесија, бидејќи едноставно таа никогаш не ни излегла од рецесија. Поради дефлација номиналниот бруто домашен производ се намалува, иако реалниот БДП се зголемува. Јас сакам номиналниот БДП да расте, истакна грчкиот министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит