Тепачка во автобус на ЈСП, тројца повредени

Од:

Тројца повредени, меѓу кои и еден малолетник, е билансот од тепачката што се случила меѓу две групи во автобусот број 22 на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Инцидентот се случил во петокот околу 12:30 часот, на крстосницата на булеварот „Партизански одреди” и улицата „Никола Парапунов”, пред мостот „Обединети Нации” во скопски Карпош.

Повредените се пренесени во Градската општа болница „8-ми септември”.

На местото на инцидентот е реагирано од полицијата, при што се уапсени повеќе лица. Оттаму велат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип