Парагвајскиот радио новинар Герардо Сервиан убиен е во бразилскиот град Понта Пори, кој се граничи со подрачјето на криминал, кое се смета за легло на шверцот со дрога и оружје меѓу двете јужноамерикански земји, пренесува Танјуг.
Сервиан е погоден со девет куршуми во Понта Пори, а неидентификуваните напаѓачи потоа побегнале на мотоцикл, соопшти шефот на локалната бразилска полиција Валтер Васкес.