Албанска државјанка се степала со полицајци во Гостивар

Од:

Гостиварската полиција вчера попладне ја уапси 38-годишната Е.К. државјанка на Албанија откако нападнала и навредувала полицајци. Според тетовската полиција, жената која имала престој во гостиварски Добри Дол и претходно била пријавувана за слични дела.

Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција вели дека двајца полицајци ја запреле Е.К. и побрале да им покаже лиќна карта, на што таа одоговорила дека нема, па наводно се јавила по телефон кај другарка за да и ги донесе.

Во меѓувреме со „голф“ пристигнал Б.С. од гостиварско  Чегране, кој се пртставил дека и е пријател. Двајцата започнале расправија со полицајците. Во расправијата жената се нафрлила на едниот полицаец и го удирала со раце и чантата, па почнала да бега. Но, за брзо време, двајцата насилници биле совладани и уапсени.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип