Врховниот суд на Бразил одобри почнување истрага против десетици политичари поради нивна наводна вмешаност во корупциски скандал во државната нафтена компанија Петробрас.
Истражителите тврдат дека приватните фирми им плаќале на корумпираните функционери за да добијат доходовни договори со Петробрас, а станува збор за суми од повеќе милијарди долари.
Меѓу 54 лица обвинети за примање мито се и еден поранешен претседател и претседавач на двата дома на Конгресот, пренесе Би-Би-Си.
Повеќето политичари опфатени со истрагата припаѓаат на владејачката коалиција.
Претседателката Дилма Русеф е ослободена од каква било вмешаност во овој скандал иако таа претседаваше со управниот одбор на Петробрас седум години, за време на кои се верува дека се одвивал најголемиот дел од корупцијата.
Државниот обвинител на Бразил Родриго Јанот обвини многу влијателни политичари за примање мито, а на списокот се наоѓаат претседавачот на Сенатот Ренан Калхејрос, претседавачот на претседателскиот дом Едуардо Куња, поранешниот министер за енергетика Едисон Лобао и поранешниот претседател Фернандо Колор де Мело.
Со истрагата опфатени се 22 конгресмени и 12 сенатори.
Поради овој скандал Петробрас, една од најголемите нафтени компании во светот изгуби доста од својата пазарна вредност од септември.