Лазовиќ: Победата ја обезбедивме во првите десет минути

Од:

Ракометарките на Вардар со убедлив триумф се враќаат од гостувањето од Љубљана. Синоќа совладан беше Крим со 47:29 и сега „вардарки“ се во очекување на резултатите од другите два натпревара од колото за да знаат од која позиција ќе стартуваат во пресрет на последниот дуел од групата со Динамо Синара во Скопје следната сабота.

По дуелот со Крим поранешната ракометарка на словенечкиот состав, а сега членка на Вардар, Барбара Лазовиќ (постигна 4 голови) за словенечките медиуми изјави дека двата бода им биле потребни.

– Двата бода ни беа потребни и затоа со сите сили се боревме да ги освоиме. Победата ја обезбедивме во првите 10 минути, а потоа ја контролиравме играта. Емотивно беше поинаку да играм тука (Љубљана) како противнички играч, сепак убаво е да си дома, рече Лазовиќ.

Од групата 1 денеска се играат Лајпциг – Будуќност, а утре е дуелот Динамо Синара – Турингер. „Вардарки“ во моментов со 9 бодови се на третото место, зад Будуќност и Динамо Синара.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска