Грција ќе ангажира туристи како тајни даночни инспектори

Од:

Грција ќе ангажира голем број лица, меѓу кои и туристи и студенти, да работат како тајни даночни инспектори, во рамки на напорите за справување со даночното затајување, најави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Како што јави ДПА, во писмо упатено до првиот човек на Еврогрупата, Јерон Дијселблум во пресрет на средбата на министрите за финансии на еврозната закажана за в понеделник, Варуфакис вели дека за справување со даночната евазија ќе бидат ангажирани „голем број непрофесионални инспектори“ опремени со уреди за снимање аудио и видео записи.

Според Варуфакис, информациите до кои ќе дојдат овие „инспектори“ ќе имаат правна тежина и ќе бидат искористени за акции на професионалните даночни инспектори.

– Самото сознание дека насекаде има илјадници случајни минувачи опремени со уреди за снимање аудио и видео записи за потребите на даночните власти, ќе го поттикне чувството за праведност во општеството и ќе придонесе за создавање на нова даночна култура, вели Варуфакис во писмото.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит