Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Ѓавато, во 17 часот и 45 минути воведена е забрана за движење за тешки товарни возила.
АМСм соопшти дека забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар сеуште важи.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците, кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.