За плоштадот со Филип и Олимпија, град Скопје ќе потроши уште 318 илјади евра

Од:

Изградбата на плоштадот „Карпошово востание“ достигна цена од над 10 милиони евра.

Со новиот договор на Град Скопје со фирмата „Изградба – комерц“ ДООЕЛ експорт-импорт, Скопје, за 19.553.500 денари или околу 318 илјади евра ќе го уредува јавниот простор околу црквата „Св. Димитрија“ и платото пред Меморијалниот музеј на холокаустот.

Градежните работи треба да се завршат во рок од девет месеци

Плоштадот Карпошово востание е дел од проектот „Скопје 2014“. По локалните избори во 2013 година, кога за градоначалник на Центар, беше избран Андреј Жерновски, Град Скопје го презеде и плоштадот „Карпошово востание“.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски