Почнаа археолошки истражувања на Костоперска карпа

Од:

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, Националната установа музеј – Куманово започна со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен-импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и  стаклена паста и бронза.

Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора, а во подножјето на Карпата се наоѓаат сочуваните средновековни цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови. Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија која се уште не е доистражена.

Со рализацијата на археолошките истражувања и со уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска