Едно лице повредено во оружен инцидент во чајџилница во Долно Свиларе

Од:

Едно лице е повредено во инцидентот што се случил вчера околу 15 часот во чајџилница во скопското село Долно Свиларе.

Од полицијата информираат дека вчера во 15:00 часот во ЦИК-Скопје се јавил лекар од ГОБ „8-ми Септември“ и пријавил дека кај нив е донесено лицето Г.К.(30) со телесни повреди во пределот на главата. Повредата му била нанесена во чајџилницата во с.Долно Свиларе, скопско каде се сретнал со Х.М.(29) кој таму дошол со уште неколку лица.

Според изјавта на Г.К., додека седеле на маса настанала вербална расправија меѓу повредениот од една страна и Х.М. и останатите лица од друга страна, по што некој од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку куршуми по што го напуштиле местото на настанот. По преземени мерки Х.М. е приведен, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на останатите лица по што ќе биде поденсен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски