Ограбен турски државјанин во Скопје

Од:

Непознат сторител извршил тешка кражба ноќеска во стан на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје во кој привремено живее Ј.Н.(32) од Турција.

Полицијата информира дека непознатиот сторител извршил тешка кражба влегувајќи преку балконот. Од мезанинот се прекачил на балконот од дневната соба од станот, насилно делувал на балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 300 евра, разновиден златен накит, неколку рачни часовници и парфеми, а потоа го напуштил местото на настанот. Со тешката кражба, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 330.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби