ЖРК Вардар гостува во Љубљана кај Крим во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва во Љубљана гостуваат кај шампионот на Словенија Крим во рамките на 9.коло од групата 1 од Лигата на шампионите. За избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ ова е исклучително важен натпревар бидејќи со победа најверојатно ќе го обезбедат пласманот во четвртфиналето, иако за тоа влијание ќе имаат резултатите на другите два натпревара.

За разлика од последниот натпревар со Лајпциг во редовите на македонскиот првак ќе се појави и Андреа Лекиќ, која поради болест не беше во составот на претходниот дуел. Во тимот на Крим најголема опасност по голот на ЖРК Вардар ќе биде македонската интернационалка Мирјета Бајрамовска, додека поранешната „вардарка“ французинката Алисон Пино си замина и од редовите на Крим. Според најновите информации од Словенија клубот го напуштила и втората Французинка Амели Гудјо.

Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Од групата 1 покрај овој натпревар играат уште: Лајпциг – Будуќност (утре) и Динамо Синара – Турингер (недела).

Табела: Будуќност 15, Динамо Синара 10, Турингер 8, ЖРК Вардар 7, Лајпциг 6, Крим 2.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска