„Исламска држава“ уништи древен асириски град во Ирак

Од:

Екстремистичката група „Исламска држава“ почна денеска со уништување на древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката Влада, што е најнов напад на џихадистите врз културното наследство на оваа блискоистична држава.

ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и антиквитети.

Ирачки претставник ја потврди оваа информација, истакнувајќи дека уништувањето почнало по молитвата на пладне и оти камиони, на кои веројатно се одвлечени уметничките предмети, се забележани на местото.

– Засега, не знаеме во кој обем тој е уништен, рече претставник кој инсистираше да остане анонимен.

Нимруд, кој е основан во 13 век пред новата ера, се наоѓа на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор по големина ирачки град и упориште на ИД во земјата.

Уништувањето на Нимруд, скапоценост на асириската ера, уследи една недела откако џихадистичката група објави видео снимка на која се гледаат екстремисти како со бушилки уништуваат непроценливи древни уметнички предмети во музејот во Мосул.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак