Белград: Татко на лезбејка се заканувал дека со бомба ќе ја разнесе и неа и себе

Од:

Министерството за внатрешни работи на Србија вчера го забрани одржувањето на Парадата на гордоста во Белград, а како причина се наведоа безбедносните ризици. Една од наводните безбедносни причини е и заканата на жител на Белград, кој имал намера со опасен експлозив на Парадата на гордоста да се крене во воздух и себе и својата ќерка лезбијка.

„Тој во телефонски разговор кажа дека ќерка ми е лезбијка и дека на Парадата ќе дојде со опасен експлозив. Ќе ја гушнам ќерка ми и ќе ги решам сите мои проблеми“, рекол тој и ја прекинал врската, информираат во полицијата кои веќе трагаат по заканувачот кој се јавил од говорница во Нови Сад.

За сабота во Белград се забранети секакви собири.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски