Реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на пратеникот Ковачевски од СДСМ

Од:

Убедени сме дека во ЕЛЕМ и РЕК Битола работат стручни лица кои се свесни за големата одговорност која ја носат и секојдневно успешно се справуваат со сите предизвици во тековното работење, наведува Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на пратеникот Васко Ковачевски од СДСМ.

Од партијата оценуваат дека станува збор за неразбирлив политички притисок од страна на СДСМ, кој, како што потенцираат, не само што е непотребен, туку е и штетен за енергетската стабилност на државата.

– Имајќи ја во предвид важноста на РЕК Битола за енергетската стабилност на земјата се поставува прашањето „дали СДСМ посакува и заговара навистина да се случи „колапс“ на РЕК Битола и енергетскиот систем на штета на граѓаните и стопанството, само за Васко Ковачевски да има со што да се занимава“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ