Ја демантирам веста објавена и пренесена од провладини медиуми дека сум сопственик на порталот Центарњуз. Во неколку наврати некои медиуми го злоупотребуваат моето име и го врзуваат за неколку портали, на кои ниту сум сопственик, ниту ги уредувам, вели директорот на ПОЦ Саша Богдановиќ.
Очигледна е тенденцијата на медиумите под контрола на власта да конструираат невистини со цел дефокусирање на вниманието од скандалите што ја тресат власта.
Заканите на власта преку текстот на порталот Прес 24 се безуспешен обид за прикривање на нивниот страв од обелоденувањето на вистината.
Барам порталот Прес 24 и медиумите коишто ја објавија лажната вест дека сум сопственик на порталот Центарњуз овој демант да го објават во целост.
Сите медиуми ги замолувам да го објават демантот за да ја дознае јавноста вистината, вели Саша Богдановиќ.