САД немаат право да му забележуваат на Кипар за тоа дека ги развива односите со Русија, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.
– Кипар нема да се извинува за тоа дека предизвикал незадоволство кај САД и Велика Британија поради посетата минатата недела на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис на Русија, додаде министерот.
– Нашиот став е дека Кипар треба да биде фокусиран на решавање на сопствениот проблем, решавање на кипарското прашање, изјави Касулидис.
Тој вчера во Вашингтон се сретна со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.
– Доколку проблематиката со Украина ја споредиме со проблемот на агресивната политика на Турција, тогаш праведно е да се постави прашањето зошто против Русија се воведени санкции, а истовремено такви мерки не се преземени кон Турција, нагласи Касулидис.