Срамно е премиерот на оваа влада да бара од министерот за финасии сто слики за во музеј а да нема пари за 6000 стечајци кои се и боси и гладни вели Лилјана Георгиевска преставникот на стечајните работници.
За нив е поразително што веќе седум години се игнорираат нивните барања а а според Георгиевска премиерот кон нив се однесува како да не се граѓани на оваа земја.
Георгиевска ги искоментира и мерките на владата со кои се отпишуваат долгови на граѓаните со ниски примања. Ниту еден од стечајците не бил опфатен со оваа мерка тврдат таа.
Георгиевска објаснува дека борбата за да се преживее денот е се потешка. Го искоментира и разговорот помеѓу министрите Ставрески и Јанкулоска каде првиот финансиер се жали дека се трошат народни пари нерационално или „немаме за леб а купуваме чоколадо“.
Георгиевска му порача на министерот за финасии Ставрески дека тие ниту пробале чоколадо па ни и нивните внуци-се задоволувале доколку има леб дента.
„Јас можам да кажам дека и нашите внуци не виделе незнам од кога чоколадо а не ние. Какво чокалдо ви се молам, ние за леб трпиме одиме по улици и се молиме за шест илјади денари за да преживееме а тој спомнува и споредува со чоколадо. Заначи стварно срамно, жалосно. Јас занев со какви луѓе си имавме работа уште во 2008-ма година и бев критична сиве овие години а сега народот нека види со кого имаме работа. Најстрашно е само некое црно сценарио да не ни приредат“, рече Лилјана Георгиевска лидер на стечајците.
За две недели Георгиевска најави протести во Скопје но и поставување штандови низ сите градови во Македонија за собирање потписи за нивниот закон да влезе во собраниска процедура со кој бараат шест илјади денари до пензионирање.