Општинската организација на СДСМ Центар организира голема хуманитарна акција под мотото „Биди хуман“.
Хуманитарната акција ќе се одржи во петок, на 6-ти март со почеток од 20 часот во кафулето „Скопје кафе“.
Средствата обезбедени од овој настан ќе бидат наменети за лекување на младо девојче на кое му е дијагностицирано ретко генетско заболување- Апластична анемија-Фанконе.
Покажете ја вашата хуманост спасувајќи уште еден млад живот!