Американци имаат толку нафта, што не можат да ја сместат

Од:

САД имаат толку сирова нафта, што немаат простор каде да ја складираат, поради што во наредните месеци би можело да дојде до дополнително намалување на нејзината и цените на бензинот, наведуваат аналитичарите.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, во изминативе седум недели, САД произвеле и извезле во просек милион барели нафта дневно, повеќе од тоа што трошеле.

Таа нафтата е сместена во резервоари а пред се во најголемиот трговски јазол во Кушинг, Оклахома, што довело до тоа американските резерви на нафта да достигнат највисоко ниво во последните 80 години.

Доколку продолжи таквиот развој на ситуацијата, веќе во средината на април резервоарите би можеле да се приближат до оперативен лимит, што би довело до пад на цената на нафтата и гасот.

-Факт е дека во САД ни недостасува капацитет за сместување на нафтата- рече шефот на одделот за истражување на нафта во Ситибанка Ед Морс, додавајќи дека нафтата би можела да поефини и за 20 долари во однос на сегашните 50.

Инаку просечната цена на бензин во САД е 2,44 долари за галон (64 центи за литар), што е 1,02 долари за галон (27 центи по литар) поевтино отколку во истиот период минатата година, но и 37 центи (10 центи по литар) поефтина од минатиот месец.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина