Канадската полиција вчера уапси три лица поради потенцијална закана за трговски центар во близина на пристанишниот град Халифакс, каде е сместена атлантската поморска флота.
Полицијата интервенира брзо во трговскиот центар и го затврои на цел ден, иако истражните органи по истрагата објавија дека не успеале да потврдат постоење на безбедносна закана.
Акцијата доаѓа откако минатиот месец безбедносните сили ги предупредија потрошувачите во Канада, САД и Велика Британија да бидат внимателни откако милитантната група Шебаб, поврзана со Ал Каеда, објави видео во кое повикува на напади на западни трговски центри.
Шабаб се закани со напади на американски трговски центар во Минесота, најголемиот канадски Мол Западен Едмонтон, познатата лондонска улица Оксфорд стрит и два трговски центри во Франција.