Седум лица повредени во сообраќајка на патот Жеровјане-Радиовце

Од:

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 8 часот се случила на локалниот пат Жеровјане-Радиовце во близина на мостот за Радиовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци во несреќата учествувале две патнички возила, „Фолсфаген голф“ со прилепски регистерски таблици управуван од Д.П. (26) од Сенокос-Долнени и „Мерцедес“ со тетовски таблици што го управувал Ш.С.(34) од Голема Речица.

– Во несреќата, сопатник од „Голфот“ се здобил тешки телесни повреди, со телесни повреди завршиле двајцата возачи, како и три сопатнички од „Голфот“ и еден сопатник од „Мерцедесот“. Со други возила повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажана лекарска помош четири лица се задржани на болничко лекување, а три се пуштени дома. Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата и другите поединости, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид–Кичево

Тешка сообраќајка близу Нови Сад: Камионџија заспа на волан, удри во возила и прегази полицаец

25-годишен скопјанец осомничен за две кривични дела откако го усмрти пешакот Југослав Николовски

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

Загина маж во сообраќајка на „Ленинова“, возачот е во бегство

Горан Наумовски