(ВИДЕО) Жерновски: Јанкулоска да замине од функцијата министер за внатрешни работи

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и советниците одржаа прес конференција во врска со вчера објавените разговори меѓу министрите за внтрешни работи и за финансии, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.

„На седми јуни, 2013-та пред овие општински бараки активисти на ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнати од партијата, а позади маската на таканаречената невладина организација Веритас, ги демолираа бараките на општината и повредија советник.

И тогаш тврдевме дека позади настаните стои Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кои сеуште не можат да се помират дека ја загубија општина Центар. Полицијата не само што не не’ штити нас како избрани советници и градоначалник, туку директно ги поддржува насилниците кои дивееја. И тогаш изразивме сомнеж дека ќе бидат откриени сторителите. Фрапантно е што лично Јанкулоска свесно дозволила насилие во општина Центар. Нечовечки дозволила да биде повреден советник и лично е одговорна за деградирање на градоначалникот и советниците“, рече Жерновски.

Фрапантно е, посочи тој, што живееме во држава во која меѓународните претставници не’ штитат од партизираните институции. Да не беше реакцијата од Брисел, настанот ќе завршел со несогледливи последици.

Градоначалникот на општина Центар се заблагодари на евро-амбасадорот Н.Е. Аиво Орав, на амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Мариет Шурман, амбасадорот на Италија, Н.Е. Ернесто Белели, амбасадорот на ОБСЕ, Н.Е. Ралф Брехт, кои, вели, со брзата реакција спречија немилите настани да имаат потешки последици.

„Министерката Јанкулоска кажува дека самата таа е менаџер на целиот процес и го раководи во позадина. Уште еднаш порачуваме дека за овие 2 години, таа како министер можеше да го документира настанот и да го процесуира во јавното обвинителство. Ова повлекува кривична одговорност, која одговара како за извршување, така и за неизвршување. Затоа и порачуваме да се повлече достоинствено, ако останало некакво достоинство и да си замине од функцијата министер за внатрешни работи“, изјави Жерновски.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски