Тодоров незадоволен од изјавите на поединци дека лекарите немаат леб да јадат

Од:

Изјави кои биле по малку театрални и кои не придонесувале за добар исход на преговорите, биле причина зошто вчерашните преговори со трите синдикати за здравство не вродиле плод. Според министерот за здравство Никола Тодоров таквите изјави напротив создавале тензии и незадоволство.

„Изјавите беа на поединци и тоа од типот „докторите ни се гладни, немаат доволно средства ниту за леб, сендвичи си прават од дома за да имаат што да јадат, мизерни се платите од 35.000 до 45.000 денари“, изјави денеска Тодоров додавајќи дека преговорите се водат за да се дојде до определено решение.

Тој посочи лоцирал сериозен проблем во системот за лажно внесување податоци, односно внесување интервенции од страна на поединци доктори кои интервенции не ги направиле.

Со внесување на енормна количина на такви интервенции доаѓаме до ситуации тие доктори да имаат огромен учинок, а нивните колеги кои се во истата група, практично имаат низок учинок или се казнети. Ова е проблем кој го загрозува целиот систем и целиот проект. Затоа формирав осум тима кои во наредните денови ќе ги поминат сите здравствени установи – потенцира Тодоров, најавувајќи дека ќе се прави споредба со внесот, со реално изведените интервенции во една установа и внесените интервенции.

„Во некои установи немало толку пациенти во целата болница колку што еден доктор прегледал. Не станува збор за масовна појава, , но тоа го загрозува проектот и нивните колеги затоа што се прави нереално отстапување“, рече Тодоров.

Оние кои ќе бидат детектирани дека имаат направено лажен внес интервенции ќе бидат писмено опоменати и ќе им бидат предочени санкциите кои постојат во законите за лажен внес во електронски систем на база на податоци.
Според министерот за здравство таквите изјави напротив создавале тензии и незадоволство

Би можело да ве интересира

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“