Топка сладолед од 800 долари

Од:

Топката сладолед „Блек дајмонд“ (Black Diamond) во новоотвореното „Scoopi Cafe“ во Дубаи, чини 800 долари. Само состојките од највисок квалитет доаѓаат предвид за топка сладолед која е најскапа на светот, и оваа која ја нуди „Scoopi Cafe“, никако не ги разочарала љубителите на сладоледот.

На самиот почеток, „Блек дајмонд“ сладоледот е мешавина од ванила од Мадагаскар, редок ирански шафран и парчиња црн италијански тартуф.

Како што велат од „Scoopi Cafe“, црниот тартуф ја додава длабочината на целокупниот вкус. Со оглед на тоа дека ова кафуле се наоѓа во Дубаи, целата работа не може да помине без злато. Сладоледот на самиот крај се „попрскува“ со лажичка со 23-каратно злато за јадење. Тоа е претставено во префинета „Версаче“ чинија со соодветна лажичка, а секако, клиентите кои ќе го пробаат овој сладолед можат да ги задржат.

Сопственикот на ова кафуле, Зубин Доши, очекува извонреден успех на својот нов и смел потфат, поради порастот на бројот на луѓе кои се подготвени да издвојат пари за производи со премиум квалитет.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава