Најмалку 60 џихадисти од Исламска држава убиени во офанзивата за ослободување на Тикрит

Од:

Најмалку 60 борци од групата Исламска држава се убиени во офанзивата на ирачката армија и провладините шиитски милиции врз Тикрит, град што е под контрола на џихадистите, пренесе ТАСС.

Исламистичките борци биле убиени за време на бомбардирањата на повеќе цели во Тикрит, извршени од ирачките военовоздухопловни сили.

Утринава борците на ИД почнале со повлекување на своите единици од градот.

Офанзивата врз Тикрит почна вчера. Во неа учествуваат 30.000 војници.

Копнената офанзива, меѓутоа, е попречувана од подметнати бомби, што исламистите ги оставаат крај пристапните патишта.

Армијата успеала да го заземе округот Хармин, источно од Тикрит, и два кварта, исто така, во источниот дел на градот, каде досега имаше џихадисти, пренесе ДПА. Опколен е и квартот Кадисија, во северното предградие на Тикрит.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак