Венецуела, Аргентина, Јужна Африка, Украина и Грција „најочајни економии“

Од:

Украина се најде на четврто место на „Блумберг“ листата најочајни економии во светот, по Венецуела, Аргентина и Јужна Африка, јави ТАСС.

„Блумберг“ индексот на „најочајни економии“ се пресметува со просто равенство на стапката на невработеност и инфлацијата.

Агенцијата ја анализира ситуацијата во 51 држава во светот, оценувајќи дека според нивото на невработеност и инфлација во 2015 година ситуацијата ќе биде најтешка во Венецуела, Аргентина, Јужна Африка, Украина и Грција.

Според официјалните податоци инфлацијата во Украина минатата година изнесува 24,9 отсто, а за тековната година се очекува 17,2 проценти. Се очекува ниво на невработеност од 9,5 отсто, споредено со 8,9 проценти во третото тримесечје на минатата година.

Блумберг нагласува дека војната во источниот дел ќе нанесе големи штети на украинската економија.

По првите пет на листата следат Шпанија, Русија, Хрватска, Турција, Португалија, Италија, Колумбија, Бразил, Словачка и Индонезија.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро