„Дипломатски и воени реперкусии во Македонија од почетокот на Првата светска војна” е тема на конференцијата што ја организира денеска Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика во соработка со Министерството за надворешни работи.
Конференцијата се одржува во рамки на активностите за одбележување 100 години од почнувањето на Првата светска војна.
Обраќање ќе имаат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорите на Франција и на Германија Лоренс Оер и Кристине Д. Алтхаузер, додека на темата ќе зборува проф. д-р Марјан Димитријевски од Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.