Во Културниот центар Феникс – Скопје вечер ќе се одржи Алерт арт изложба на авторките Евица Камберова – Стојаноска и Маргарита Иванова.
Станува збор за нови креации и уметност на старите работи, за креирање преку рециклирање.
Алерт арт е уметност преку која од стари, неупотребувани, обични работи, се создава нешто ново.
Фокусот на уметничкото изразување е преку изработка на декоративни предмети со различни техники – декупаж, сликање, боење, филигран од хартија, лепење, украсување…
Авторките велат дека се радуваат кога ќе најдат нешто старо, фрлено, неупотребувано, заборавено и кога ќе му дадат нов живот.