Повеќе од 100.000 патки се уништени во една живинарска фарма во Фузешѓармат, во источниот дел на Унгарија, каде минатата недела бил идентификуван тип на птичји грип, кој наводно е опасен за луѓето.
Главниот ветеринар на Унгарија, Лајош Богнар потврди дека „цел контигент на патки“ во фармата е елиминиран и оти не се пронајдени други случаи на инфекција во регионот, како и дека е воведена 30-дневна забрана за испорака на живина од овој реон.
– Патките се уништени бидејќи вирусот на птичји грип Х5Н8, кој е откриен во Фузешѓармат би можел да биде опасен за луѓето, предупреди Богнар.
Според него, оваа фарма ќе добие државна отштета по завршување на правната процедура.