Стапката на слободни работни места 1,37 проценти

Од:

Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2014 година изнесува 1,37 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија има 6.104 слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Административни и помошни услужни дејности и изнесува 2,19 проценти, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,17 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,98 отсто.

Според региони, Вардарскиот има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,79 отсто.

Најголем број слободни работни места, односно 1.822, има во групата Работници во услужни дејности и продажба.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он