Третина Бугари би ги советувале децата да заминат во странство и да не се вратат

Од:

Околу една третина односно 36 отсто од Бугарите би ги испратиле децата да живеат во странство засекогаш. Во 2009 година тој процент бил за шест отсто помалку.

Тоа се податоци од национална анкета направена меѓу 20 и 27 септември.

Според анкетата, 67 отсто од анкетираните се со став дека би ги испратиле децата да учат во странство што е за три отсто повеќе отколку во 2009 година. Така одговараат претежно луѓето на возраст до 49 години, високообразовани и жители на Софија.

Седумдесет и еден отсто претпочитаат (два отсто повеќе во однос на 2009 година) дека би им препорачале на децата да заминат на работа во странство за определен временски рок.

Во крајот на септември, 14 отсто Бугари имаат намера да ја напупштат државата засекогаш (три отсто повеќе од 2009 година).

Најчесто со таков став се лица на возраст меѓу 30 и 39 години (25 отсто) и најмладите до 29 години (22 отсто). Најголем дел од нив се со високо образование и невработени. Тврд став по однос на напуштање на државата имаат 12 отсто анкетирани – односно, би заминале да учат во странство и таму да останат постојано.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски